„Во Реал се пали алармот и кога ќе се одигра нерешено“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини, имаше чест во една сезона да го предводи мадридски Реал.

Тој ги предводеше кралевите во 2009/2010 година, но имаше лоши резултати и остана без трофеи. Му беше врачен отказ, а после него дојде Жозе Мурињо.

Пелегрини откри за медиумите каков е притисокот да се работи во реал и дека тоа е една од најтешките работи во светот на фудбалот.

„Притисокот во Реал е ист за сите. Тешко е да се води тој тим, дури и кога е нерешен резултатот на некој натпревар, алармот веднаш се пали“, изјави Пелегрини кој застана позади тренерот Лопетеги.

„Го има потребното искуство и сигурен сум дека ќе го подигне тимот. Играчите се тие кои мораат да ја изработат својата работа на теренот. Реал има играчи од светска класа, но и добра алтернатива“, уверен е Пелегрини.

Исто така, чилеанскиот сручњак смета дека Роналдо требаше да ја заврши својата кариера во Реал.

„Со неговото заминување Реал изгуби многу голови. Ме изненади одлуката за заминување. Требаше да ја заврши кариерата во Реал. Не е исто да го имате во тимот Бејл и Роналдо. Кристијано е тој кој правеше разлика“, истакна актуелниот менаџер на Вест Хем.