„Во Севиља преминав поради Реал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стеван Јоветиќ во разговори за медиумите објасни поради што отишол во Севиља.

Тој таму стигна во зима како позајмен фудбалер на Интер и моментално е еден од најважните играчи во тимот.

Главна причина поради која прифатил повеќе од Севиља е Реал Мадрид.

„Уште како дете секогаш гледав шпански фудбал. Од тогаш го сакам и така ќе биде заскогаш. Кога добив повик од Шпанија, посакав да започнам нова авантура и испишам нова страница во кариерата. Сите кои ги консултирав, ми рекоа дека тренерот Сампаоли е феноменален.“

„Откако ја спуштив слушалка, видов на интернет со кого играат следен натпревар. Видов дека Севиља игра 3 натпревари со Реал во само 15 денови, па веднаш го повикав агентот и му реков дека сакам да ми среди трансфер.“

Тој во досегашниот дел од сезоната постигна 2 голови и 3 асистенции во Ла Лига.