Во Торино владее немир: Колку ќе паузира еден од клучните играчи во тимот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите на лекарскиот тим на репрезентацијата на БиХ, Пјаник ја повредил задната ложа и тој нема да игра во пријателскиот меч против Шпанија во недела.

Фантастичниот играч за врска на Јувентус веќе се врати во Торино. Лекарите на италијанскиот шампион веднаш ќе извршат дополнителни прегледи и ќе знаат дали Пјаниќ ќе мора да замине на пауза.

Јувентус следниот првенствен меч го игра приотив СПАЛ, а можно е Пјаниќ да го пропушти овој дуел, бидејќи тешко дека Макс Алегри ќе сака да ризикува со неговиот настап.

Во Торино и тоа како се загрижени по вестите за повредата на Пјаниќ и се надева дека на крајот со фантастичниот играч за врска се ќе биде во најдобар ред.

Порано „Старата дама“ остана и без германскиот фудбалер, Емре Чан кој има проблеми со тироидната жлезда и тој одредено време ќе биде надвор од теренот.