Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Бурнмут и Арсенал вечерва одиграа одличен натпревар кој заврши 3:3, иако домаќините водеа со 3:0.
Натпреварот не можеше подобро да започне, по 20 минути Бурнмут водеше 2:0. Прво Даниелс во 16-та минута погоди, а потоа Вилсон од пенал зголеми на 2:0.
Домаќините стигнаа во 58-та минута и до 3:0, а овој пат стрелец беше Фрејзер.
Арсенал го започна враќањето во натпреварот во 70-та минута кога Санчез намали на 3:1, а 5 минути подоцна Перез намали на 3:2.
Во 83-та минута Фрејзер доби црвен картон, а работите станаа лоши за Бурнмут.
Арсенал ја превзема иницијативата и на крајот упорноста им се исплати и израмнија на конечни 3:3.
Арсенал со овој кикс остана на 4-то место со 41 поени додека Бурнмут на 9-то место со 25 бодови.