„Време е да ви објаснам како Венгер ми ја спаси кариерата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Санти Казорла по две години се врати на теренот и тоа во дресот на Вилјареал, каде што пристигна како слободен играч.

Казорла го напушти Арсенал на крајот на минатата сезона, откако му заврши договорот, но вечно ќе му биде благодарен на Арсен Венгер.

Кога доби тешка повреда, Венгер не сакаше да се откаже од него, иако знаеше дека Казорла може да ја заврши кариерата.

По тешката повреда Казорла мислеше и за договорот кој му завршува во Арсенал. Меѓутоа, Венгер направи фантастичен потег и ја продолжи соработката со него.

„Венгер ме поддржуваше секогаш и време е да ви откријам како ми ја спаси кариерата. Го продолжив договорот пред првата операција и тоа беше одличен потег. Ме повика и ми кажа дека сака да потпишам договор на уште една сезона, ги донесе документите и ми рече дека без страв може да одам на операција“, кажа Казорла.