„Време е Руни да го напушти Манчестер!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во последните неколку месеци се шпекулира дека Руни ќе замине од Манчестер.

Тој не игра толку често во последно време и еден од тие што смета дека поминало времето на Руни во тимот е Пол Инсе.

Тој во Јунајтед помина 6 сезони и за тоа време 2 пати ја освои Премиер лигата.

Пол вели дека Руни треба да се труди многу повеќе ако сака да остане во тимот.

„Да сум на негово место, во неговите години, дефинитивно не би бил во Јунајтед. Руни има 31 година и сеуште има што да понуди. Тој сака да го игра секој натпревар. Неговото време во Јунајтед помина.“

Да потсетиме, Руни во јануарскиот преоден рок имаше богата понуда од Кина, но одлучи да остане во Јунајтед.