„Време е Тери да каже збогум!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси, Марсел Десаили смета дека е време капитенот на оваа екипа Џон Тери да се повлече од фудбалот.

Тери оваа сезона запиша само девет натпревар во сите натпреварувања, а договор со екипата на Челси има до крајот на сезоната.

Тој моментално е во слична ситуација како и Десаили кој го напушти клубот пред 13 години поради брзи фудбалери.

Поранешниот фудбалер мисли дека Тери треба да се прости од фудбалот.

„Заминав бидејќи останатите фудбалери беа побрзи и подобри од мене. Некогаш доаѓа време за повлекување, а сега е негово време.“