Втора победа за Гана на АКН - Гјан го среди Мали (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Гана славеше во натпревар од групата Д минимално против Мали, 1:0.

Во 21-ва минута Асамоа Гјан постигна погодок со глава за водство на Гана.

Возбудливо беше пред крајот на натпреварот. Голманот на Гана му одбрани на Кулибали, а пред самиот крај на натпреварот Сако ја погоди пречката.

На крајот Гана ја запиша втората победа на АКН, а Мали првиот пораз.