Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Од 27-мо коло во ПЛ се одиграа уште пет натпревари.
Лестер на Кинг Пауер го победи Хал, 3:1.
После 14 минути игра гостите имаа водство, Клукас погоди за 0:1. Фукс во 27-ма минута од натпреварот го израмни резултатот.
Christian Fuchs Goal HD – Leicester City 1-1… by timefootball
На почетокот на второто полувреме Мегуаер ја погоди стативата. После еден час игра на Кинг Пауер, Лестер стигна до водство. Ријад Марез ги донесе во водство лисиците. Шмајхел фантастично го одбрани слободниот удар на Гросицки.
Riyad Mahrez Goal HD Leicester City 2 1 Hull… by reddefutbol
Хаделстон со автогол ги постави конечните 3:1.
Tom Huddlestone Own Goal HD – Leicester City 3… by nammakudla
Лисците после денешната победа се наоѓаат на 15-та позиција и имаат пет бода повеќе од зоната за испаѓање.
Стоук го победи Мидлзбро, 2:0, Свонси го совлада Барнли, 3:2, Саутемптон на гости беше подобар од Вотфорд, 3:4, а Кристал Палас со 0:2 на гости го победи ВБА.