Вундеркиндот на Реал Мадрид има нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суперталентираниот фудбалер на Реал Мадрид кариерата ќе ја продолжи во Холандија.

На твитер фудбалскиот клуб Херенвен утре не очекува промоција на нивното ново засилување.

Се работи за норвешкиот вундеркиндот Мартин Одегард кој во 2015-та година се пресели во кралскиот клуб како еден од најталентираните во светот.

Уште како 16-годишен кога играше за Штромгодсет привлече големо внимание. Се чинеше дека кариерата ќе ја продолжи во Ајакс, но понудата на Реал Мадрид не можеше да ја одбие.

Сега сепак заврши во Холандија во дресот на Херенвен ќе игра како позајмен фудбалер од актуелниот шампион на Европа.

Само два официјални натпревари Одегард има одиграно за Реал Мадрид, еден во Ла Лига и еден во купот на кралот. Најмногу играше за Реал Мадрид Кастиља каде на 59 натпревари постигна 5 погодоци.