Габигол избра чуден број, но остана една дилема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса, попознат како Габигол, пред неколку дена потпиша за Интер.

Овој талентиран напаѓач за 28 милиони евра стигна од Сантош, а денеска го избра и бројот кој ќе го носи на дресот.

Габигол го превзеде несекојдневниот број 96, кој го избра поради годината на своето раѓање (1996), Иако се претпоставуваше дека ќе ја земе “десетката“, Стеван Јоветиќ сепак остана во Интер иако беше на излезните врати од клубот.

Новиот напаѓач на Интер сеуште не одлучи дали сака да го носи на грбот презимето или прекар, а и таа дилема треба брзо да биде решена.