Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса е спремен за деби во италијанската Серија А.
Габигол воглавно е резерва и не ги оправда очекувањата од доаѓањето во редовите на Интер, но Стефано Пиоли најверојатно денеска ќе му укаже доверба од прва минута во Серија А.
Од првата минута може да заигра и искусниот Родриго Паласио, а тука е и Едер, но Пиоли ќе донесе конечна одлука за тоа кој ќе стартува.
Барбоса досега имаше само пет настапи во дресот на Интер, а почна само против Болоња во Купот, кога постигна гол, пред речиси месец дена.
Пиоли рече не е загрижен поради неиграњето на поединци, но верува дека овие играчи на кои може да смета имаат квалитет да запишат победа над Емполи во 24 коло.
Интер моментално е петтопласирана екипа со 42 бода, а серијата од осум победи ја прекина со пораз од Јувентус во минатата недела.
Дуелот со Емполи се игра од 15 часот, а во Интер ги нема ниту Марсело Брозовиќ и Евер Банега поради повреда.