Гаитан се сели во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нико Гаитан не успеа да се наметне со своите игри кај неговиот сонародник, Диего Симеоне во Атлетико Мадирд и е на излезната врата од „Ванда Метрополитано“.

Интерес за аргентинскиот интернационалец има од повеќе екипи од Премиер лигата. Но, ако до пред само две сезони за Гаитан интерес пројавуваше големиот Манчестер Јунајтед, сега за него интерес има од екипите кои се во средината на табелата.

Саутемптон, Евертон, Кристал Палас и Вест Хем ќе се обидат да го донесат 29 годишниот фудбалер во своите редови. Сите клубови посакуваат да го земат Гаитан на шестмесечна позајмица со можност за откуп во летниот преоден рок.

Трансфер посакува и самиот играч кој со доаѓањето на Диего Коста и Витоло во Атлетико ќе има уште поголема конкуренција.