Гаитан се сели во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Атлетико Мадрид, Николас Гаитан е на излезните врати од „Ванда Метрополитано“ и овој јануари веројатно ќе има нов клуб.

За него има голем интерес од неколку екипи од Премиер лигата, а синоќа се појавија шпекулации дека во трката за неговиот потпис се вклучил и тимот на Интер.

Избраниците на Спалети одлично ја стартуваа сезоната, но по неколку порази со ред го изгубија чекорот со водечките Наполи и Јувентус и сега заостануваат неколку бодови во трката за титулата.

„Калчомеркато“ пишува дека Гаитан уште овој викенд ќе се збогува со своите соиграчи и наскоро ќе има нов клуб.