Галатасарај го посакува Јаховиќ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува дневниот спортски весник „Македонски спорт“, напаѓачот на Гезтепе и повремен македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ е посакуван од турскиот гигант Галатасарај.

Јаховиќ беше еден од најдобрите играчи на Гезтепе минатата сезона и еден од главните„виновници“ што клубот се врати во најдобрата турска лига.

Од Галатасарај се во потрага по напаѓач, а меѓу кандидатите за таа позиција е и нашиот повремен репрезентативец.

За Јаховиќ има интерес и од други клубови во Турција и ширум Европа, а како најзаинтересиран за неговите услуги се споменува тимот на Акишар Беледиспор кој минатата сезона заврши на седмата позиција во турската Суперлига.