Гамиеро објасни поради што ја одби Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач, Кевин Гамеиро во Атлетико Мадрид стигна од Севиља во август 2016 година, а Мадриѓаните тогаш за неговите услуги мораа да издвојат околу 30 милиони евра.

Гамеиро кој тогаш имаше понуда и од Барселона, откри дека го одби каталонскиот клуб бидејќи не сакаше да заврши како Златан Ибрахимовиќ.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ во Барселона дојде од Интер во 2009 година, но не се наигра поради несогласувања со тогашниот тренер на каталонската екипа, Пеп Гвардиола.

„Тогаш можев да изберам, дали да дојдам во Барселона, или во Атлетико. Но што ќе правев во Барселона? Таму се сега Меси, Нејмар и Суарез“, изјави за француските медиуми Гамеиро.

„Таму се играчи кои сакаат да играат секој натпревар, кои не сакаат да излегуваат ниту 10 минути пред крајот на натпреварот. Поради тоа Ибра така заврши“, додаде Гамеиро.

А ддека Французинот е во право зборува фактот дека тогаш во Барселона, наместо Гамеиро, се одлучија да го доведат Пако Алкасер од Валенсија кој досега не се наигра во каталонскиот гигант.