Гасол го напушти Сан Антонио, а сега е познат и неговиот нов тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Гасол ја раскина соработката со Сан Антонио спарс, па наредна дестинација во големата кариера на легендарниот центар е Милвоки бакс.

Гасол ќе му се придружи на соиграчот Никола Миротиќ, кој во финишот на преодниот рок стигна во Њу Орлеанс.

Јасно е дека и по овие два последни потези на управата на Милвоки, тие ќа бараат висок пласман сезонава, каде што ќе играат, најверојатно, во плејофот.

Важно е тоа што Гасол во Милвоки ќе донесе големо искуство и квалитет, а со себеси ќе донесе и шампионски дух, кој го доби во Лос Анџелес Лејкерс со кој освои две титули.

„Гасол е одличен кошаркар и неверојатен професионалец. Благодарни сме му на доприносот, кој го даде на теренот, во соблекувалната и заедницата“, порача Грег Поповиќ.