Гатузо ги врати душата и достоинството на Милан...?!

Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки пофално зборуваше за сегашниот стратег на Милан, Џенаро Гатузо, за кој вели дека успеал да го врати срушеното достоинство на славниот клуб и да го врати на стариот пат.

„Росонерите“ веќе не се губитнички тим, без оглед на тоа што објективно поседуваат квалитет за битка на врвот на табелата.

„Рино е феномен, тој на Милан му ја врати душата. Му го врати достоинството на тимот, кое беше изгубено, направите играчите да сфатат што значи да се биде во клуб како што е Милан. Рино е некој кој го даде својот живот за фудбалот и своите играчи“, истакна Саки.

На „Сан Сиро“ утре стигнува моќниот Јувентус, но никој не смее однапред да ја отпише екипата на Џенаро Гатузо.

„Јувентус има огромен потенцијал и играчи кои можат да го одлучат мечот во секој момент. Тука не мислиме само на Роналдо, туку и на Дибала, Квадрадо и Манџукиќ. Начин на кој може да се победи Јувентус е да се потисне далеку од голот. Тие се опасни и на 70 метри од голот, но таму многу повеќе се контролираат. Ако се доближат кон Донарума, тогаш ќе настанат проблеми“, вели Саки.