Гатузо го избра идеалниот соиграч: „Каков Роналдо, каков Меси…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо даде итервју за официјалната страницана на УЕФА, во кое помеѓу другото говореше и кој за него е идеален соиграч.

Покрај многуте фудбалери кои би сакале да ја делат соблекувалната со Роналдо или Меси, Гатузо ги изненаде сите и го одбра Лука Модриќ.

„Со кој од моменталните фудбалери би сакал да играм. Ги има многу. Сите говорат дека би играл со Роналдо или Меси, но не, јас би сакал да играм со Модриќ“, изјавил Гатузо и додал:

„Тој е одличен играч, има јак карактер, фудбалер од глава до пето“.

Исто така додаде дека најмногју би сакал да игра против Пол Погба, а го спомена и Матуиди.