Гатузо уште еднаш даде коментар за евентуалното заминување на Игуаин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо на прес конференцијата пред финалето од италијанскиот Суперкуп против Јувентус говореше и за заминувањето на Гонзало Игуаин од клубот.

Се очекува Аргентинецот да биде во првиот тим на Милан на утрешниот натпревар против „неговиот“ Јувентус, но се уште останува отворена опцијата тој да го засили тимот на Челси до крајот на овој јануари.

„Има многу шпекулации поврзани со Гонзало Игуаин, но тој е релаксиран, тренира со своите соиграчи и напорно работи. Гонзало секогаш се смее и се шегува со своите соиграчи. Веројатно нешто се смени по промашениот пенал и црвениот картон против Јувентус. Сакам да ви откријам дека Гонзало никогаш не дошол кај мене и не ми кажал дека сака да си замине“- коментираше Гатузо.