Гвардиола брка рекорд на Мурињо во Њукасл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо сигурно ќе го гледа натпреварот во Њукасл меѓу домаќинот и Манчестер сити и дефинитивно ќе навива за екипата од „Сент Џејмс парк“.

Причина е тоа што Пеп Гвардиола ќе го брка рекордот на Мурињо во Премиерлигата. Мурињо го држи рекордот со 73 победи во првите 100 мечови, покрај тоа има и 18 нерешени меча и девет порази.

Гвардиола има 99 натпревари и 73 победи, 15 ремиња и 11 порази, а со триумф на „Сент Џејмс парк“ би стигнал до 74. победа на вечната листа.

Пелегрини е трет со резултат од 65 победи, 17 ремиња и 18 порази, додека Фергусон има 62 победи, 25 нерешени мечови и 13 порази во првите 100 меча во Премиерлигата.