Гвардиола ги избрка сите фудбалери, Робертс заминува скоро бесплатно?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот Патрик Робертс нема да се врати во Сити.

20-годишниот Робертс помина сезона како позајмен играч во Селтик и по се изгледа дека ќе остане во Шкотска.

Гвардиола сака да го намали бројот на играчи и Робертс не е во негови планови, па Селтик има право да го откупи неговиот договор.

Тренерот на клубот, Роџерс е подготвен да плати 5 милиони фунти за Робертс кој е само 1 во низата на играчи кои немаат место кај Гвардиола.

Сити го донесе за 12 милиони фунти во 2015-та година, но сега ќе изгубат дел од таа сума.