Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали својот ривал во следниот меч Манчестер сити и нивниот тренер Пеп Гвардиола.
Ливерпул гостува на „Итихад“ во четврток од 21 часот во рамки на 21 коло од Премиерлигата. Тоа ќе биде дуел на лидерот на првенството и актуелниот шампион.
„Многу тежок натпревар е пред нас. Еден од најтешките во светот. Сити е многу силен тим и има неверојатен тренер. Јас мислам дека тие се многу подобри и се најдобар тим во светот“, вели Клоп.
Сепак, Гвардиола смета дека Ливерпул е најдобар тим во светот и ќе имаат пеколно тешка задача.
А, за тоа кој е подобар тим, барем во моментов, ќе дознаеме во четврток од 21 часот.