Гвардиола нема дилема кој е подобар – Меси и Роналдо не се на исто ниво


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола тврди дека и понатаму нема дилема кој е најдобар играч во светот.

Кристијано Роналдо ја доби Златната топка за 2016-та година, но поранешниот тренер на Барселона изјави дека португалецот не е на исто ниво како Лионел Меси.

Претходно Луис Енрике изјави дека Меси е најдобар без разлика што не ја освои наградата.

„Се согласувам со Луис. Меси е најдобар, дефинитивно е најдобар. Тој знае како да игра, да постигнува погодоци и да ги натера останатите да играат. Секогаш е тука. Со цела почит пред се кон Кристијано Роналдо, му честитам на наградата, но мислам дека Меси е на различно ниво“, изјави Гвардиола.