Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити вчера ја прекина серијата без пораз на Ливерпул, откако го совлада на „Итихад“ со 2-1 и ја намали разликата на табелата во Премиерлигата на четири бодови.
Сити подобро го отвори мечот и доминираше во поголемиот дел од средбата, а мрежата на „црвените“ ја погодија Серхио Агуеро и Лирој Сане, а по триумфот најсреќен беше тренерот Пеп Гвардиола.
„Нас секој натпревар ни е финале и знаевме дека битката за шампион ќе биде завршена доколку не победиме. Сепак, одигравме без грешка и ова е многу добро, иако Јирген Клоп нема да се сложи со мене“, кажа Гвардиола.
Гвардиола вели дека во првенството одамна не бил поинтересно, па навивачите мора да се среќни поради тоа.
„Не се сеќавам дека вака било некога. Има премногу добри тимови. Јунајтед почна да игра подобро, Тотнем е многу добар, а секако тука се Челси и Арсенал. Ова е одлично за Премиерлигата“, објаснува тренерот на „граѓаните“.