Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити синоќа на Сент Џејмс Парк направи огромен чекор наназад во борба за одбрана за шампионската титула.
Граѓаните се поразени од Њукасл со 2:1 со тоа што му дадоа шанса на Ливерпул со евентуална победа против Лестер повторно да стигне до +7. Со тоа, на Сити му е загрозено и второт место бидејќи Тотенхем ќе им се доближат на два бода доколку го победат Ватфорд.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола е свесен дека ситуацијата максимално се искомплицирала и порача дека неговиот тим не ни заслужил да го совлада Њукасл.
„Немавме ритам кој беше потребен да го завршиме натпреварот до крај. Игравме споро, не бевме доволно посветени ниту наоѓавме вистински решенија. Тие упатија два удари кон голот и постигнаа два гола, се случуваат такви работи… Честитки на Њукасл за победата“- рече Гвардиола кој ја прокоментира и борбата на Сити за титулата:
„Што е сега најважно? Да не ја гледаме табелата. Мораме да ја играме нашата игра, да го направиме она што можеме и мораме. Знаевме дека мораме да добиеме многу натпревари, но ова заостанување се надокнадува. Во фудбалот многу работи се можни“.
Манчестер Сити во наредното коло има многу тешка задача бидејќи на домашен терен игра со Арсенал.