Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со обзир на тоа дека договорот на Кејхил со Челси истекува во јуни и истиот нема да му биде продолжен, лондонскиот клуб има цел да го продаде својот долгогодишен фудбалер во јануарскиот преоден рок за на лето да не замине без оштета.
Долго се шпекулираше дека Кејхил треба да потпише за Милан, но од тоа нема да биде ништо, бидејќи Росонерите се повеќе заинтересирани за доведување на Фабрегас. Сепак големи се шансите Англичанецот да заврши во Серија А.
Италијанските медиуми тврдат дека Челси им го понудил Гери Кејхил на Интер и на Рома кои ги разгледуваат понудите. Моментално поголеми се шансите да потпише за Рома, чиј најави дека приоритет на ново засилување е стопер, додека Интер е прилично пополнет на таа позиција.
Гери Кејхил пристигна во Челси во 2012. година од Болтон, а засекогаш ќе остане запаметен како член на генерацијата која ја освои Лигата на шампионите.