Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија со убедлива победа ги отвори квалификациите за СП во Русија.
Актуелниот светски шампион во Осло дојде до лесна победа во првото коло од групата Ц.
Германците, очекувано, лесно ги освоија првите бодови. Томас Милер во 16 минута ги доведе Елф во водство, а во завршницата на првиот дел Кимих на асистенција на Милер, после убава акција, го зголеми водството на гостите на 2:0. Милер со вториот гол во 60 минута ги постави конечните 3:0 против вечерва нерасположените Норвежани.
Во вториот меч од оваа група немаше голови, а силите ги одмерија Чешка и Северна Ирска.