Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Фудбалерите на Нотингем Форест го исфрлија Арсенал од ФА купот откако на домашен терен го победија со 4:2 во рамки на второто коло на ова натпреварување.
Домашниот тим започна да води по 20 минути игра со погодок на десниот бек Лихај. Сепак, само 3 минути подоцна, Мертезакер израмни на 1:1. Пред самиот крај на првиот дел Нотингем повторно успеа да дојде во водство, а повторно стрелец беше Лихај.
Во второто полувреме беа видени многу возбудувања и голови. Се започна во 64-та минута кога Бреретон го постигна голот за 3:1. Сепак, гостите намалија преку Велбек на 3:2.
Конечниот резултат го потврди Доуел кој во 85-та минута постигна гол од белата точка.