Гигс ги насмеа новинарите со одговор на прашањето дали ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Моменталниот шеф на стручниот штаб на тимот од Олд Трафорд се наоѓа пред отказ после серијата слаби резултати на почетокот од сезоната, а Гигс е еден од тренерите чие име се наоѓа во понудата на кладилниците за можен наследник.

Кога новинарите му го соопштија тоа, Гигс беше краток и јасен.

„Да сум на ваше место, ќе си ги чував парите“, порача Гигс, алудирајќи на тоа дека новинарот кој му го соопштил тоа не би требало да се клади дека Гигс ќе стане нов тренер на Црвените Ѓаволи.

Инаку, Гигс моментално е селектор на Велс и оваа репрезентација ја превзема пред неколку месеци.

За сега најсериозен кандидат за тренер на Манчестер Јунајтед, доколку дојде до смена е Зинедин Зидан.