Гигс: Не отпишувајте го Линделоф


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајан Гигс во неговата колумна која ја пренесува Скај Спортс истакна дека фановите на Манчестер Јунајтед треба да бидат трпеливи со Виктор Линделоф.

Швеѓанецот за 30 милиони фунти ова лето се пресели на „Олд Трафорд“ од Бенфика, но почетокот во црвениот дрес му е за заборав.

На последниот натпревар со Хадерсфилд, Линделоф беше виновник за двата гола кои ги прими Манчестер Јунајтед.

Сепак, Гигс смета дека на младиот стопер му е потребно време за да ги докаже своите квалитети.

„Еден играч кој привлече многу критики кон себе е Виктор Линделоф. Сепак, тој не треба да биде отпишан се уште.

Некои играчи доаѓаат во Премиер Лигата и имаат лош почеток во првите шест месеци, па дури и во првата година. Таков беше случајот со Патрис Евра, Јап Стам и Немања Видиќ, а потоа тие беа неверојатни играчи.

Победуваш заедно и губиш заедно. Не можеш да издвоиш еден играч, посебно ако тој не игра редовно. Едноставно тој мора да се сврти и да помине преку ова “- коментираше Гигс.