Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светот не запаметил многу играчи како него. Беше фантастичен напаѓач, за репрезентацијата на Шпанија одигра повеќе од 50 натпревари, беше капитен и лидер.
Неговот име и денес со голема почит се споменува во Шпанија, во клубот за кој даде се.
Неговот име е Хосеба Ечегарибија. Се сеќавате ли на него? Беше еден од најдобрите шпански играчи во свое време, стандарден репрезентативец и најверојнато најдобриот играч на Атлетик.
Кариерата ја започна во Реал Сосиедад каде што како малолетен играч играше на највисоко ниво, а набрзо премина во клубот на своето детство, заигра таму каде што секогаш сакаше да биде, а неговиот трансфер предизвика големи тензии меѓу баскијските клубови.
Не сакаше, а можеше да бира. Кога играч за Шпанија ќе одигра 50 натпревари, а притоа да не настапува ниту за Реал, ниту за Барселона, тогаш тоа е реткост која заслужува внимание и почит.
На средината на минатата деценија, шпанските одбрани бегаа од овој фудбалер. Беше брз и непредвидлив, исклучилтено прецизен удар имаше и имаше многу луди движења.
Посебен каков што беше навистина, на крајот на кариерата покажа карактер. Одлучи последната година од договорот да ја одигра бесплатно. Играше за клубот од своето детство, а притоа не побара ниту евро.
Денес ја води Басконија подготвувајќи се за враќање во баскијскиот гигант. Само пред една година тој беше легенда, а за таквите во Баскија се грижат. Најверојатно подобро од било кој друг.