Главоболки за Покетино: Тотнем останува без важен играч до декември!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотнем на официјалната страна соопшти дека Јан Вертонген ќе биде надвор од терените до декември.

Белгиецот во натпреварот против Хадерсфилд се повреди, а медицинските прегледи покажаа дека повредата е посериозна од што се очекуваше.

Тренерот Маурицио Покетино нема да може да смета на Вертонген еден ипол месеци, односно до декември.

Отсуството на Вертонген секако ќе биде голем хендикеп за Тотнем, посебно доколку се земе во предвид дека повредени од претходно се Деле Али, Кристијан Ериксен, како и Серж Орие.