„Гладував на 17 и заработував на улица, а потоа заминав во Реал и се карав со сите!“


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Антонио Касано се прослави со голот против Интер во декември 1999 година кога премина 35 метри со топката и погоди за победа на Бари од 2:1. Тогаш тој имаше 17 години и и не можеше да има подобар почеток на кариерата.

Не беше тоа само момент кој означи влез помеѓу професионалците, туку за него значеше и крја на животот каков што го имал тогаш, а тој не бил ниту малку едноставен.

„Дури 17 години знаев како е да се гладува. Навистина. Мајка ми беше чистачка, заработуваше само малку и за храна имавме само 1-2 евра.“, вели Касано.

„Мајка ми многу се жртвуваше. Не одеше во училиште и не зборува добро италијански. Играв фудбал на улица. Играв за тој кој ќе ми понуди најмногу пари. Тие добиени 2-3 евра многу му значеа на моето семејство.“

„Натпреварот против Интер ме направи богат и славен. Фудбал поради чудо…“

„Мислам дека во животот ми недостигала личност со авторитет. Да имав татко кој ќе ме врати на вистински пат, не би бил ваков. Татко ми не напушти кога имав 10 години. Моите родители беа разделени, а татко ми се враќаше во нашата куќа иако имаше и друго семејство. На мајка ми и реков дека мора да избере, но таа одби, затоа што беше заљубена и сакаше да го искористи времето со него. Побегнав тогаш на три денови. Кога се вратив, му реков дека следниот пат ќе заминам засекогаш и потоа мојот татко не се врати повеќе.“, открива Касано.

Неколку години по славниот гол против Интер, Касано го направи трансферот на животот во Реал Мадрид. Но тој не ја искористи својата шанса таму.

„Најмногу жалам за Реал. Бев во најдобриот тим во историјата, можев да останам долго во тимот и да постигнам многу работи. Можев да испишам фудбалска историја… наместо тоа, јас го следев својот инстинкт и грешев. Тренерот не ме ставаше во игра, а јас го навредував. А се започна добро во Мадрид, ме донесоа како замена за Фиго и Овен. Значи бев многу важен на само 23 години.“

„Во Реал запознав два ретки големи фудбалери, а тоа се Зидан и Роналдо. Многу играчи во тоа време би платиле да бидат во тој Реал. А јас, кога не играв, се жалев. Се лутев без никаква причина. Еднаш Капело ме замени, а јас ја искршив цела соблекувална, го навредував на шпански и на италијански. Без никаква причина. По една година карање со сите, го напуштив Реал.“

Касано од јануари 2017-та година не игра фудбал откако го раскина договорот со Сампдорија. Во кариерата тој има уште настапувано за Рома, Милан, Интер и Парма.