Глума за Холивуд: Срамен потег на Силесен и Бускетс на мечот со Леванте (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Барселона, Каспер Силесен и дефанзивецот Серхио Бускетс беа критикувани од страна на навивачите поради нивната глума на мечот против Леванте.

Бускетс одамна потврди дека е добар актер, а сега пред својот гол падна како да го погодил куршум, а такво нешто направи и Силесен, иако немаше никаков груб удар.

„Ова е тоа што му недостига на Холивуд“, напиша еден од фановите.

„Срамно однесување на Силесен и Бускетс“, вели друг бесен навивач.

За да биде уште поголем срамот за голманот, тој го згазна стапалото на напаѓачот на леванте, пред да падне на тревникот.