Година од соништата – Аталанта го купи стадионот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аталанта го купи стадионот „Атлети Азури Д`Италија“ на кој досега ги играше домашните натпревари.

Претседателот на клубот, Перкаси понуди 10% поголема понуда во однос на почетната цена која изнесуваше 7.8 милиони евра.

„Атлети Азури Д`Италија е во сопствеништво на Аталанта. Исходот на понудата стана познат утрово кога комисијата ги отвори пристигнатите коверти. Аталанта ја зголеми почетната цена и плати 8.6 милиони евра.“

Аталанта има намера да ги вложи парите и да го реконструира стадионот за да биде адекватен за одигрување на европски натпревари. Пари во клубот има, пред се од продажбата на играчи.

Овој стадион е изграден во 1928 година и може да прими до 25.000 гледачи.