Годините не значат ништо: Буфон стигна до нов рекорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чуварот на мрежата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон можеби има 38 години, но неговата сигурност пред гол-линијата е сеуште на високо ниво.

Искусниот Италијанец во саботата во победата против Рома(1:0) стигна до 200 натпревари без примен гол за Јувентус.

Дербито помеѓу Јувентус и Рома го реши Игуаин во 14-та минута.

Одбраната на Јувентус беше премногу силна за напаѓачите на Рома, кои немаа многу шанси. Тој освен 200-от натпревар во кој не прими гол, претходно постави и рекорд во Серија А по бројот на натпревари без примен гол(10).

По победата против Рома и рекордот, Буфон изјави дека ова било важна победа.

„Важно беше тоа што победивме, иако првенството е долго и има уште многу да се игра. Тоа ни дава сигурност, која ни дозволува со одлично чувство да го прославиме Божиќ.“