Годините си го прават своето: Поранешна ѕвезда се сели во Парма?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По критичните години во кои клубот доживеа банкрот и исфрлување во 4-та лига, Парма полека се буди.

Поранешниот италијански гигант веќе планира засилувања за продолжување на сезоната, а најголемо име кое се поврзува со овој клуб е Алберто Џилардино.

Овој 34-годишен фудбалер бира помеѓу неколку клубови, а прашање е дали покрај неколку понуди од Серија А, тој би се одлучил за таа од 3-та лига.

За Џилардино се заинтересирани Киево и Пескара, па ќе биде интересно да се види за кого ќе се одлучи поранешниот напаѓач на Милан, Фиорентина, Џенова…

Тој во кариерата одигра 57 натпревари за Италија, а има голем број настапи за италијански клубови, како и за кинески Гвангжу.