Голден Стејт го изгубија натпреварот, но и Дурант во Вашингтон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ноќ за заборав имаа Голден Стејт во Вашингтон. Тие беа поразени со 112:108, а во тој натпревар се повреди и Кевин Дурант.

Најдобар кај тимот на Голден Стејт беше Кари со 25 поени додека на спротивната страна Бил постигна исто така 25 поени.

Денвер продолжија со добрите игри. Тие го победија Чикаго со 125:107. Галинари постигна 22 поени за Денвер додека Рондон постигна 19 кај Чикаго.

Мемфис без поголеми проблеми го победија Феникс со 130:112. Кунли со 29 и Гасол со 28 поени ги однесоа домаќините до победа.

Оклахома ја победија Јута со 109:106, а Вестбрук беше одличен и постигна 43 поени, 11 скокови и 10 асистенции.