Голема истрага е почната во Англија: Евертон се соочува со жестока казна!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Евертон се соочува со големи проблеми поради нелегален пристап до актуелниот тренер Марко Силва додека работел во Ватфорд.

„Карамелите“ се обвинети од страна на Ватфорд за нелегален обид да го ангажираат португалскиот тренер, кој на крајот навистина се преселил на „Гудисон парк“.

Управата на Евертон немаше право без дозвола да го контактира Силва. Меѓутоа, на тоа се одлучиле и постојано имале телефонски разговори.

Засега истрагата е во тек, а обвинувањата се сериозни и „Тајмс“ пишува дека Евертон би можел да биде казнет и да му бидат одземени бодови.

Инаку, Евертон во новата сезона нема пораз, односно победи само еднаш и има три нерешени резултати.