Голема коцна на Биг Сем – 5.5 милиони евра за позајмица на „отпадникот“ од Ливерпул


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Мамаду Сако стигна во Кристал Палас.

После Лука Миловојевиќ Кристал Палас во финишот на преодниот рок го доведе и Мамаду Сако.

Дефанзивецот на Ливерпул стигна на Селхурст Парк на позајмица до крајот на сезоната, а Сем Алердајс за негова реализација ќе издвои вкупно 5.5 милиони евра, што е поприлично коцка.

Не постои клаузула за откуп на Французинот во следното лето, но извесно е дека Орлите ќе ја плаќаат заработката на Сако додека игра кај нив што е нешто околу 3 милиони, поради тоа што тој заработува преку 6 милиони евра по сезона на Енфилд. Истотака, за позајмицата ќе плати на Ливерпул околу 2.5 милиони.

Иако Палас сакаше да во целот да го откупи не можеа да се договорат со Ливерпул денеска околу цената.

Проблем беше и фактот дека Црвените и Јирген Клоп бараа прво 25 милиони, а подоцна спуштија на 20 милиони.

Во секој случај, Сако ќе има шанса конечно да заигра малку фудбал бидејќи ниту еднаш не беше фвотимот во есенскиот дел.