„Голема чест е да ве поврзуваат со Реал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е во потрага по нов голман, а познато е дека Де Геа веќе одамна е најголема желба на тимот на Мадрид, меѓутоа сега управата на Реал е заинтересирана уште повеќе за Лено.

Тој во последните два натпревари го менуваше Ноер на голот на Германија.

Според информациите на германските медиуми во Реал се заинтересирани за донесување на 25-годишниот голман.

Талентираниот голман во последно време се споменува како реална опција со оглед на тоа дека неговата откупна клаузула изнесува околу 20 милиони евра.

Германскиот голман призна дека интересот од Реал му одговара.

„Голема чест е кога ве поврзуваат со Реал, но јас сега сакам да се фокусирам на Леверкузен.“