Големи реформи во иднина: Италијанците подготвуваат големи измени за Серија А?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во средината на оваа недела во Серија А беа одиграни натпреварите од 18-то коло по следува 2-неделна пауза.

Познато е дека Италијанците немаат обичај да играат во текот на новогодишните празници, но по се изгледа дека тоа наскоро би можело да се смени.

Претседателот на Серија А, Маурицио Берета изјави вчера дека сериозно размислува за тоа да се натпреваруваат за време на новогодишните празници.

Тоа што дополнително изненадува е фактот дека Италијанците размислуваат натпреварите да ги играат на неутрални терени, односно надвор од Италија.

„Ако следиме ПЛ тогаш мора да направиме посебна понуда за навивачите. Божиќ во Италија мора да се почитува и поради тоа мислиме дека играњето надвор од Италија е добра идеја.“