Голем хендикеп за Голден Стејт – Крај на сезоната за Дурант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт би можеле да останат без својот најдобар кошаркар, Кевин Дурант.

Тој се повреди на почетокот на натпреварот против Вашингтон, а според медиумите, постои сомнеж дека му е скинат предниот вкрстен лигамент на левото колено.

Доколку тоа е проблемот навистина, тогаш тоа ќе биде голем удар за актуелниот вице-шампион.

Во наредните денови останува да видиме што ќе покаже магнетната резонанца за повредата на Дурант.