Голем хендикеп за Монако, играч нема да игра против Дормунд поради слепо црево!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Монако, Сидибе заврши во болница пред натпреварот во ¼-финале од ЛП против Дортмунд.

Одличниот играч има воспаление на слепо црево и тој итно е хоспитализиран по натпреварот против Анже во Франција.

За среќа, последици за него нема да има. Лекарите на време реагираа и Сидибе само на кратко ќе паузира, а на него тренерот нема да може да смета во дуелите против Дортмунд.

Сепак, Сидибе наскоро би требало да се врати и да заигра до крајот на сезоната.

Сидибе е член на Монако од минатото лето, а стигна од Лил за 15 милиони евра, а интересно е тоа дека поради овој тим го одби Арсенал и на крајот најверојатно го направи вистинскиот потег.