Голманите мамеле во изведувањето на пеналите, единствено Де Геа е со „чист образ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот ден од осмина финалето на Мундијалот ни донесе неверојатни возбудувања во досегашните натпревари.

Патници во четвртфиналето од натпреварите Русија-Шпанија и Хрватска-Данска ги добивме после изведувањето на пеналите.

Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во тој ден, во натпреварите кои се решија после пеналите.

Пласман понатаму осигураа Русија и Хрватска. Сепак угледни европски медиуми тврдат дека голманите мамеле при изведувањето на пеналите.

За мамење се „обвинети“ Субашиќ, Шмајхел и Акинфеев, единствен кој ги почитувал правилата е Де Геа кој не успеа да одбрани ниту еден пенал и остана на линијата се до моментот откако фудбалерот го упатил ударот кон голот.

Секако, ова правило укажува дека голманот мора да стои на линијата се додека противникот не шутне.

Истот се случи и на натпреварот Хрватска – Данска, каде што јасно се гледа дека Шмајхел порано тргна во акција и го одбрани пеналот на Модриќ.

Судиите мораат да ги поноват овие пенали, а тоа не се случи на овој натпревар. Според ова правило би требало да се поноват дури 15 пенали.