Готово е, Енрике донесе одлука!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


После натпреварот со Спортинг Хихон, тренерот на Барселона ја шокира јавноста.

Барселона ја декласира Спортинг Хихон во 25 коло од шпанската Примера, повеќе за дуелот ТУКА, далеку поважно од тој дуел беше конференцијата за медиумите после тој меч.

Имено, на неа стратегот на Барселона изјави дека се одлучи да се повлече од местото шеф на стручниот штаб на Ноу Камп по завршувањето на сезоната!

Често шпанскиот стручнак е оспоруван во оваа сезона, што поради игрите на Барселона, што поради резултатите, па во медиумите се шпекулираше дека може да биде заменет на крајот на сезоната, кога ќе му истече и договорот со клубот.

Се споменуваа и неговите наследници, но се беше во доменот на гласини.

Сепак, изгледа дека Енрике не сака да се носи со такви работи, и се реши да се повлече, поточно со шпанскиот шампион да не ја продолжи соработката.

„Сакам да ја завршам оваа конференција за новинарите на друг начин. Сакам да соопштам дека во следната сезона нема да бидам тренер на Барселона.

Потребен ми е одмор. Тоа е главна причина. Начинот на кој ја работам оваа работа е причината поради што морам да заминам. Премалку се часови за одмор, а мене тоа ми е потребно.

Ова беше тешка, одмерена и промислена одлука и морам да останам верен на тоа што го мислам“, изјави Енрике.

Одлуката е повеќе од изненадувачки, кога во предвид ќе се земе фактот дека Барселона моментално е во солидна ситуација во Примера, после киксовите на Реал против Валенсија и вечерва против Лас Палмас, а играат и финале на Купот на Кралот со Депортиво Алавеш.

Луис Енрике со Барселона досега освои две титули во Примера, два куп на Кралот, Лига на шампионите во 2015 година, Суперкуп на Шпанија, Уефа Суперкуп и клупско светско првенство.