Готово е: Рома донесе спектакуларно засилување (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше во последните денови сега е многу блиску до реализација, Хавиер Пасторе наскоро ќе биде нов фудбалер на Рома.

Аргентинецот пристигна во Рим на медицински прегледи, а од таборот на „Римската волчица“ објавија неколку фотографии од неговото пристигнување.

Пасторе утре ќе ги има неопходните медицински прегледи, а веднаш потоа ќе следи и официјалната промоција во дресот на Рома.

Аргентинецот на својот фејсбук профил испрати благодарност до сите во ПСЖ и меѓу другото напиша: „Како што знаеме да кажеме ’Сите патишта водат во Рим’, па јас се враќам назад во Италија.“