„Го сакам Рафаел Надал!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот американски претседател Доналд Трамп откри дека сака тенис и откри кој му е омилен тенисер.

Во кратка видео изјава Трамп изјави.

„Го сакам Надал. Тоа е играч кој секогаш сака да победи, тој е голем шампион.“

Интересно е тоа што Шпанецот немаше убави зборови за Трамп.

„Го следев на изборите колку што можев. Бев во САД кога тој ја имаше кампањата и искрено не ми се допаднаа работите кои ги зборуваше. Се смири откако беше избран, но не беше таков во текот на кампањата.“