Го сака Челси, а тој сака во Јунајтед за 40 милиони!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познато е дека Конте бара стопер, неколку мети имаше во Италија, а една од нив сака во ПЛ, но во друг тим.

Стефан Де Фрај од летово е на радарот на Челси. Имаше приказни дека Конте би можел да испрати понуда за него и тоа во јануари, но желбата на играчот е поинаква.

Поранешниот играч на Фејенорд сака да игра во Манчестер Јунајтед.

Медиумите пренесуваат дека Фрај беше на прагот на преминување во Јунајтед уште додека во тимот бил Ван Гал, но тогаш тој остана во Лацио.

Сега се би можело да се смени, бидејќи самиот дефанзивец сака да дојде во тимот на Мурињо.

Јунајтед летово доста потроши на Ерик Бејли, но на Мурињо не би му пречел уште еден дефанзивен играч.

Се проценува дека тој вреди 40 милиони евра.